2win800x200

Недела од 1 јануари е неработен ден, трудовиот инспекторат ги повика работниците да ги пријават сите прекршувања

Декември 31, 2021

Утре стапуваат на сила измените и дополнувањата на Законот за работните односи со кои недела станува неработен ден и Државниот инспекторат за труд (ДИТ) ги повика сите работници да пријават прекршувања на нивните права во врска со работењето во недела. Со влегувањето во сила на законските измени и дополнувања, Државниот инспекторат за труд воспоставува дежурства во недела по региони.

 

Пријавувањето може да се направи преку интернет страницата www.dit.gov.mk, со поднесување пријава во архивите на подрачните одделенија и централата на ДИТ, на телефонскиот број 15131 или кај дежурните инспектори по региони, за кои можат да се добијат повеќе информации на https://dit.gov.mk/?p=9833.

 

Собранието на 20 декември го усвои Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи, со што недела беше прогласена за неработен ден, што беше едно од главните барања на Сојузот на синдикати на Македонија. Со новото законско решение, недела ќе биде неработен ден за 92% од работниците.

 

Оние што се ангажирани во дејностите кои заради техничко-технолошкиот процес не смеат да бидат прекинати ќе добиваат најмалку 50 отсто повисока дневница за работа во недела и слободен ден што ќе можат да го искористат во наредните седум дена.

Државниот инспекторат за труд соопшти дека пред да почнат со работа во недела, работодавачите се должни да го известат инспекторатот преку посебен образец за вршење работа во недела.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани