2win800x200

78 проценти од починатите од ковид во изминатите пет месеци не биле вакцинирани

Декември 31, 2021

 

Смртноста кај невакцинираните лица од ковид-19 е драстично поголема, покажува анализата анализата на Министерството за здравство. Во период од 6.08 до 30.12.2021 на територија на државата починале 2447 лица со коронавирус, 1913 пациенти од починатите не биле вакцинирани или 78 проценти, а само 22% примиле вакцина. Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас, како и пациенти кои се вакцинирале во странство со вакцини на Модерна и Џонсон.

Во период од 06.08 до 30.12.2021 на територија на државата 69.242 граѓанин, се позитивни од тестирани на ковид- 19, од нив 33% биле целосно вакцинирани, односно 22.996 лица. Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле од болеста. Според статистика за изминативе недели, 46.246 граѓани, односно 67% од позитивните на Ковид 19 не биле вакцинирани.

Министерството за здравство укажува на важноста на вакцинација и дека секоја вакцина е безбедна. Апелираат до граѓаните да се вакцинираат, само така ќе се стигне до колективен имунитет и ќе се спречи ширење на мутации на СарсКов2.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани