АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денеска донираше книги со Брајово писмо во НУУБ „Свети Климент Охридски“. Со зголемувањето на библиотечниот фонд со овие лектирни изданија, се овозможува нивна достапност и за децата со оштетен вид. Донацијата се реализира по повод Меѓународниот ден на Брајовата азбука 4 Јануари, а се состои од повеќе примероци на книгите „Гоце Делчев“ од Ванчо Николески, „Песни“ од Миладинов, „Автобиографија“ на Григор Прчличев и „Малиот Принц“ од Антоан де Сент Егзипер