Бадниковите поворки, денес со песна и празнична топлина го исполнија Широк Сокак.
“Вечниот Бог“ испеана од многубројните учесници во Бадниковата поворка, силно одекна на сите страни, ширејќи ја радоста за големиот празник кој доаѓа.
Градоначалникот Тони Коњановски, честитајќи им го Бадник, на младите гласници и на сите учесници во Бадниковата поворка им посака многу здравје, љубов и среќа.