2win800x200

Инспекциски контроли на Широк Сокак, кафулињата да си ги потсоберат масите

Мај 14, 2024
Поставувањето на урбаната опрема на најамбиенталната улица во Битола, мора да биде во согласност со утврдените правила и прописи и издадените одобренија од општината. Со цел отстранување на отстапувањата кај некои угостителски објекти и овозможување на доволно пешачка зона, општинскиот инспекторат, врши интензивни контроли на терен, притоа давајќи им налог на угостителите за итно постапување, согласно усвоените план и програма за поставување на урбаната опрема.
Контролите се спроведуваа и во изминатиот период, но по барање на граѓаните, деновиве истите се интензивираат и ќе траат се до комплетно уредување на Широк Сокак пред секој објект, согласно законските прописи.
Зголемениот инспекциски надзор е во согласност со политиката на локалната самоуправа за спроведување и почитување на правилата и прописите, а со тоа и постигнување на целта за уреден град, во кој Широк Сокак навистина ќе биде широк.
438159458 477561957960024 216963453521318266 n
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани