2win800x200

Времено затворена градинката „Качунка“ поради штети од земјотресот

Јануари 10, 2022
фото Комуницирај.мк фото Комуницирај.мк

Градинката „Качунка“ која е клон на ЈОУДГ „Мајски цвет“ во Битола е времено затворена за престој на деца додека не се санираат штетите од земјотресот. Директорката Снежана Тодоровска соопшти дека во еден од двата објекта на градинката „Качунка“ оштетени се ѕидовите и паднати се парчиња малтер, па во услови кога има потреси не е безбедно за престој на деца. 

DSC 2412

„Се работи за седум-осум дечиња кои се префрлени во други групи. Тоа не беше проблем зашто во овој период има и помалку деца во градинаките. Нема да се вратат назад додека не се санираат состојбите. А ќе се потрудиме што е можно поскоро тоа да се случи“, рече Тодоровска за Апла.мк. 

DSC 2414

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани