2win800x200

Расте бројот на ковид болни во Битола, Граѓаните панично бараат здравствена заштита, вели градоначалникот Коњановски

Јануари 10, 2022

Расте бројката на ковид заболени во Битола по новогодишните и божиќните празници, граѓаните панично бараат здравствена заштита вели градоначалникот на Битола Тони Коњановски. Само вчера беа потврдени 164 заразени што е највисока бројка на дневна основа од почетокот на кризатата. Во моментот во Битола има 885 активни случаи.

„Од здравствените институции бевме информирани за ескалацијата на бројот на заболени од Ковид-19 . Бројката на заболени на неделно нивно по новогодишните празници и дружења во градот  се зголеми над 600 лица. Не знаеме како таа бројка ќе се однесува понатаму, а во бројот на хоспитализации бројката е стабилна, но многу, многу прегледи во амбулантата.  Граѓаните после сето ова панично бараат закрила во здравствениот сектор. Апелирам да ги почитуваат ковид мерките да намалиме со дружењето во празничниот период, а невакцинираните да се вакцинираат, порача денеска градоначалникот Коњановски.    

Во Клиничката болница Битола денеска се хоспитализирани 43 заразени од кои 17 се хоспитализирани на одделение и 26 се во дневна болница. Додека пак бројот на прегледи во двете амбуланти достигна  123 пациенти на дневна основа.  

„Хоспитализирани се повозрасни лица, невакцинираните се со потешка клиничка слика.  Имаме дневно болничко лекување, амбулантски и во домашни услови, вели д-р Билјана Гагачовска, директор на Клиничка болница Битола.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани