АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Вчерашниот земјотрес е најсилен во последните 120 години во Битолскиот расед*, но сеизмолозите велат дека во ова епицентрално подрачје не се очекуваат посилни потреси. Претходно во 1994 земјотресот во Битола беше со магнитуда од 5,2, во 1958 земјотрес од 5,3 степени по Рихтер, 1922 година земјотрес со магнитуда од 5,1. Ова се податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија во Скопје, а причина за земјотресите е издигнувањето на планината Пелистер и спуштањето на Пелагонија, вели во интервју за Сител Драгана Черних раководител на Сеизмолошката лабораторија во Скопје.
-Овие земјотреси се случуваат затоа што планината Пелистер, која е млада планина е во фаза на издигање, а Пелагонија е во фаза на спуштање. Пелистер од северната страна е орабена со Пелистерскиот расед ,а од десната страна со Битолскиот расед кој ги дели планината Пелистер и Пелагонија, каде настануваат најголемите диференцијлани движења. Поради напрегањата што се случуваат во овој дел на раседите, настануваат и земјотресите, но не се толку интензивни за да произведат земјотрес со магнитуда од 6 или 7, за да биде нешто катастрофално. После скопскиот земјотрес во 1963 година имаме нови правила на асеизмичко градење, со што објектите на ваков земјотрес може да имаат само неконструктивни штети, како што гледаме во Битола. На старите објекти кои не се армирано бетонски на ваква магнитуда може да има паднат оџак, паднати ќерамиди или дел од ѕид ако е постар објект, вели за Сител проф. др. Драгана Черних, раководител на Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ
*активни раседи се вообичаени места на појавување на земјотреси.