2win800x200

Општина Битола бара решение на проблемот со бездомните животни

Јануари 14, 2022

Општина Битола бара решение на проблемот со бездомните животни во Битола.

Во буџетот на Општина Битола за 2022 година предвидени се средства за подготовка на проектна документација за решавање на проблемот со бездомните животни, а како заеднички заклучок на средбата, беше констатирано дека во претстојниот период работните средби ќе се интензивираат, а јавноста навремено ќе биде информирана за следните активности.

Само со ваков начин на работа и соработка помеѓу сите релевантни субјекти, вклучени во решавањето на овој проблем, заеднички може да се постигне соодветно решение и да се заштитат и животните и граѓаните, беше нагласено на денешната работна средба, информираат од Општина Битола.

Состојбата со бездомните животни е долгогодишен проблем со кој се соочува Општина Битола, а ова прашање од страна на активисти кои работат на проблематиката, беше покренато и на отворениот ден кој го организираше градоначалникот Тони Коњановски.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани