Отворен за сообраќај влезот во Битола од страната на Охрид

Јануари 14, 2022

По речиси 4 месеци од почетокот на градежните активности, Општината денеска објави дека отворен е за сообраќај влезот во Битола од страната на Охрид. Градежните работи за реконструкција со доградба на пропустот над реката Курделес на улицата Довлеџик во Битола ги започна претходната локална самоуправа на 29 септември лани, за што од општинскиот буџет во 2021 беа издвоени 10. 378.100 денари. Актуелната локална власт денеска изврши пробно товарење, по што пуштен е во сообраќај овој фреквентен патен првец

Курделес 01 3

-Градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски, за време на работните активности, изврши увид на состојбата на теренот. Од добиените наоди, констатирано е дека, објектот е изведен согласно основниот проект и постоечките технички прописи и нормативи. За сите вградени материјали, доставени се сертификати и извршени се испитувања на арматурата и бетоните. Согласно денешното пробно товарање и добиените резултати од терен, пропустот од попладнево е пуштен во сообраќај, информираат од Општина Битола

 

 Инаку со овој проект, како што најави лани градоначалниката Петровска се планира целосна реконструкцијата на улицата Довлеџик во Битола, која опфаќа реконструкција на водоводната, фекалната и атмосферската канализациона мрежа, реконструкција на коловозот и ново улично осветлување, во вредност од над 22.419.000 денари, како и нов мост на реката Драгор на влезот кај Довлеџик, во должина од 30 метри и ширина од 21 метар, за кој Општина Битола изработи проектна документација. Мостот ќе има 4 коловозни ленти, 2 пешачки патеки  и 2 велосипедски патеки. Инвестицијата е 50.150.000 денари, а Општината за проектната документација и ревизијата на проектот обезбеди 1.235.460 денари.

 Пропуст Курделес 02

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани