2win800x200

Бисера Костадиновска – Стојчевска ја презеде функцијата министерка за култура од Ирена Стефоска

Јануари 17, 2022

Досегашната министерка за култура Ирена Стефоска, во Министерството за култура и ја предаде функцијата на новоизбраната министерка, Бисера Костадиновска Стојчевска.

На новоименуваната министерка Костадиновска – Стојчевска, Стефоска ѝ посака срдечно добредојде во Министерството и многу успех во мандатот. Таа подвлече дека во ресорот се започнати повеќе процеси и проекти кои се од системско значење за уредување на културата, а кои поради сложеноста се одвиваат во повеќе фази кои бараат континуитет. Некои од нив се во сферата на заштитата на културното наследство, инвестициите, нормативата, евроинтеграциите, УНЕСКО, како и функционалната анализа во самото Министерство за култура. Стефоска им се  заблагодари за довербата и соработката на својот тим и на сите вработени во Министерството, како и на културните работници и на уметниците. 

Новоименуваната министерка за култура, Бисера Костадиновска – Стојчевска, се заблагодари на убавите желби упатени од Стефоска и рече дека позицијата министерка за култура на Република Северна Македонија ја презема со голема чест и одговорност.

„Подготвена сум за предизвиците и за соочување со проблемите, но и за убавината и прогресот што културата ги носи како силен обединувачки елемент во секое општество. Искрено верувам дека сите заедно ќе оствариме нови цели и успеси со трајни вредности“, рече министерката Костадиновска – Стојчевска.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани