АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Преку препорачана пратка испратена од Пошта Битола на 17.1.2022 година во 10:26 часот, Јавниот обвинител на Македонија, Љубомир Јовевски, вчера доби закана по неговиот живот. Писмото со закана е напишано на македонски и на англиски јазик.
„Заканата се однесува на конкретен кривичен предмет по кој постапката е завршена во декември 2021 година, со тоа што во предметот е донесена Резолуција со која постапката е запрена бидејќи е утврдено дека нема место за јавнообвинителско постапување. Јавниот обвинител на Македонија истакнува дека се залудни ваквите закани и во оваа прилика нагласува дека заканите, па дури и да се по живот нема да го поколебаат во примената на законите и во професионалното и одговорно постапување на Јавното обвинителство“, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство на македонија
Заканата, како што се наведува во писмата, е од терористичка организација која се бори и убива за неправда и нејзините членови се подготвени да гинат за целите на организацијата.
„Новинарите Горан Момировски и Драган Милосављевиќ, да бидат ослободени бидејќи се најеминентни новинари и имаат астрономска поддршка низ државата, кои ќе се борат и ќе ги бранат до последна капка крв, како што овие новинари го претставуваат и се гласот на македонскиот народ. Љубомир Јовески ослободете ги од сите обвиненија бидејќи се невини за какво било злосторство или ќе те убиеме многу брзо. Само го чекаме тој точен момент за да ви го одземеме животот. Постапете веднаш ако вашата желба е да останете живи“, пишува во писмото доставено до Обвинителството.
„Пратката ќе биде доставена до Министерството за внатрешни работи заради испитување на содржината на наводите и лицето кое ја експедирало пратката. Јавниот обвинител ја става на увид на јавноста содржината на писмената пратка која ја доби на 26.1.2022.„, додадаваат од Јавното обвинителство на Македонија