2win800x200

Протест на возачите од „Кар клубот“ во Битола поради високите цени на горивата

Февруари 16, 2022

Мирен протест со едночасовно блокирање на сообраќајот од едната страна на булеварот Први мај во Битола денес организираше „Кар клубот“, кој брои 5.000 членови вљубеници во возилата, поради постојаното покачување на цените на горивата.

 

„Секоја недела цените се зголемуваат, а државата не излегува во пресрет да ги замрзне цените или да ги намали, да намали од акцизата. Уште пред некоја недела требаше да се замрзнат цените на горивата, зашто од нив зависат сите други цени. Можеби треба да се намали акцизата, имаше два-три пати нејзино зголемување. Нашиот народ е навикнат да пишува само по социјални мрежи и да биде со скрстени раце, ние се одлучивме да дејствуваме“, рече Александар Станковиќ, претседател на „Кар клуб“ Битола.

 273902586 2065990613566316 7328033347808512853 n

Од клубот велат дека ова беше предупредувачки протест, кој ако не вроди со плод, во договори се со други поголеми клубови низ државата да блокираат магистрални патишта.

 

Блокадата беше пред Општина Битола која нема врска со Регулаторна комисија, но возачите рекоа дека мора од некаде да се почне.

„Кар клубот“ организира и присуствува на изложби на возила, а не ги поттикнува возачите на трки. Сегашните цени им ги оневозможуваат активностите, зашто горивото е прескапо да можат да патуваат и присуствуваат на собири во државата и во странство.273700736 243943911156573 4153917699425305174 n

273809788 552773922345565 8793896043956376618 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани