2win800x200

Горната Гимназија од утре почнува со настава со физичко присуство

Февруари 16, 2022
Гимназијата „Јосип Б. Тито“ од утре почнува со физичко следење на наставата. По реконструкцијата на внатрешната на објектот добиена е дозвола од надлежното министерство за настава со физичко присуство.    
 
-Денес, по извршениот увид од страна на Комисијата од Министерството за транспорт и врски, добивме дозвола за употреба на училиштниот објект. Со тоа се исполнети условите за почеток на настава со физичко присуство, со што, од утре 17.2.2022 година се започнува со настава по следниот распоред:
I и III година претпладневна смена со почеток во 7.15 часот (учениците од I год. влегуваат на задниот влез од кај спортската сала, а од III год. од главниот влез), II и IV год. попладневна смена со почеток во 13.15 часот (учениците од II год. влегуваат на задниот влез од кај спортската сала, а од IV год. од главниот влез). Сите ученици да бидат во училиштето, најмалку 15 мин. пред почетокот на наставата, со почитување на протоколите за изведување на настава со физичко присуство, како би се однесувале одговорно кон своето и здравјето на другите.
Нека е со среќа почетокот во новиот училиштен објект!
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани