2win800x200

Девет милиони денари за црквата во Курбиново

Февруари 16, 2022

Дури девет милиони денари ќе обезбеди Министерство за култура од државниот буџет за конзервација и реставрација на црквата „Св. Ѓорги“ во село Курбиново, Преспа, која датира од 12 век и претставува бесценет културно-историски споменик познат и како македонската Мона Лиза по внатрешното ѕидно сликарство. Според објавената Програма за поддржка на проекти за заштита на недвижно културно наследство за 2022 година прифатени се два проекти за заштита на храмот. Едниот од 5 милиони денари за конзервација и реставрација за архитектура и конструкција на црквата, трета фаза, и уште 4 милиони денари за конзервациј а и реставрација на ѕидното сликарст во црквата.

Во 2020 година црквата во Курбиуново беше прогласена за културно наследство во опасност. Во изминатите години ѕидовите од црквата на места беа распукани, а пожолтуваа и фреските меѓу кои и ангелот на благовестието Гаврил, кој од тука е пресликан на македонските банкноти од 50 денари, поради што неопходна е поголема заштита.

За Пелагониско- преспанскиот Регион, поголема сума на пари се издвоени и за реализација на втората фаза од конзервацијата и реставрацијата на покривот на Сарајот на Нијази- бег во Ресен каде е сместен Домот на културата „Драги Тозија“. Со два милиони денари ќе продолжи реставрацијата на покривот на Сарајот отпочната минатата година. Пред зафатот покровјето од дворецот наликуваше на место за снимање на хорор филм со оштетени ќерамиди, трули штици, откорнати делови, прокапени тавани и неупотребливи простории од најгорниот кат.

Средства за проект за реставрација и конзервација на архитектурата и на ѕидното сликарство во иознос од 600 000 денари се предвидени и за централната купола на црквата „ Св. Сотир“ во село Гопеш, Битола. За непосредна заштита на црквата „Св. Димитрија“ во Градешница, Мариово, 300 000 денари, а средства ќе се издвојат и за реставрација и конзерација на фасадите на спомен куќите на Гоце Делчев и Ситив Наумов во Битола. За одржување на археолошкиот локалитет Хераклеја Линкестис и дриги значајни зафати 500, 000 денари.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани