АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во Завод и музеј-Битола промовиран е Музејскиот зборник број 24 кој во континуитет се издава скоро четириесетина години. На промоцијата присуствуваше и министерската за култура Бисера Костадиновска- Стојчевска.
„Се работи за квалитетна адиција, зборник на трудови од различни области, кои и тоа ги покриваат областите со кои се занимаваат музејските институции низ Северна Македонија. Ми претставува особено задоволство кога спонзорираме вакви квалитетни проекти кои оставаат траен печат на заштита на културното наследство“, рече министерката.
Директорката на Завод и музеј Мери Стојанова рече дека изминатите четири години за првпат во континуитет Министерството за култура го финансира издавањето на Зборникот.
„Министерството го препозна квалитетот и традицијата на издавање на овој музејски зборник. Во него се објавени трудови од областите кои се поврзани со дејноста на Заводот односно заштита, археологија, етнологија, историја, уметност и друго. Тоа не се трудови само на автори кои се вработени во институцијата туку и на истражувачи од други институции во државата“, рече Стојанова. .