2win800x200

Солиден буџет за проектите на Центарот за култура од ресорното Министерството

Февруари 18, 2022

Министерството за култура со околу 4,3 милиони денари ќе ги поддржи годинешните проекти на Центарот за култура од Битола, што според директорката Маја Андоновска- Илијевски е најмногу во последните четири години и е солидна основа за содавање на квалитетна програма.

Најмногу средства се доделени за 52 Републички фестивал „Илинденски денови“ дури 2,2 милиони денари, потоа за 14 Фестивал на музика од светот 850 000 денари, за Фестивалот на монодрама 600 000 денари и уште многу други прокети. Меѓу нив и балетот „„Госпоѓиците на Авињон“ на Македонска опрема и балет, концерт на Симфонискиот оркестар на НУ Филхармонија на РСМ и други настани.

„Буџетот оваа година е многу солиден и со него имаме добра основа за работа во годината што следува. Фестивалите конечно добија бџует што е добра основа за кавлитетот за кој ние четири години се бориме“, рече директорката.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани