АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Четири ученици од Основното училиште „Даме Груев“, во придружба на наставничката Соња Јанкуловска и директорката Биљана Бакиевска- Дамчевска заедно со партнерските училишта од Турција, Литванија, Финска и Италија учествуваа на проект од Еразмус мобилност во Атина, Грција. Во проектот беа вклучени учениците Симона Николовска,Сара Божиновска, Викторија Бикова и Миа Димевска.
Активностите се дел од Еразмус проектот ,, Gаме on“, кој има за цел развивање на здрави навики на живеење преку промена на начинот на исхрана, поголема физичка активност, ментално здравје и сл.Главен акцент на оваа мобилност беше ставен на физичкото здравје каде научија различни видови на спортови и кратки вежби за одржување на нивното здравје.
Познато е дека Грција е искусна во одржување на различни спортски настани, па учениците имаа можност да го сретнат олимпискиот првак, гимнастичар, Димостенис Тампакос и да поразговараат за неговите успеси, а го посетија и Kallimarmaro -единствен олимписки стадион направен целиот од мермер.
„Не смееме да ја изоставиме посетата на Акропол древна тврдина која содржи остатоци од антички градби со големо архитектонско и историско значење. Активности се реализираа и во самото училиште почнувајки од топло добредојде, работилници за физичкото здравје, драмски перфоманси , работилници за здрави диети и сл“, велат од ОУ „Даме Груев“.
Тимот од шест учесници се врати во својата земја побогати со уште едно искуство и многу заеднички пријателства.
Во период од 22 до 26 Ноември 2021 година наставничките Кети Неделковска,Билјана Цветковска и Соња Јанкуловска координатор од ОУ Даме Груев -Битола имаа можност да се дел од група наставници од земјите Турција,Италија,Грција,и Финска во посета на Литванија и реализација Еразмус активностите од проектот GAME on-Игра за .
Основното училиште "Даме Груев" -Битола како редовен апликант и учесник во Европската програма Еразмус + , во рамките на истата во текот на оваа учебна година 2020/2021 за потребите на проектот "ИГРА ЗА" реализира низа он лине активности составени од вежби, дизајнирање на свои задачи, решавање на истите и доаѓање до заклучоци преку дискусија и рефлексија, односно презентација, се со цел наученото да најде практична примена кај учесниците.