АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во своето обраќање денеска на 30 конференција на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ што се одржа во античкиот локалитет Херкалеја Линкестис во Битола, лидерот на партијата, Христијан Мицкоски во два наврати го поистовети членството со Илинденците.
„И тука сакам да направам една споредба, дека тоа што го правеа преродбениците во 19-тиот век и создаваа нација, го продолжија Илинденците и Асномците кога создадоа своја држава. А, денеска е на нас, на Унијата на млади сили, на ВМРО-ДПМНЕ во 21 век да ја сочуваме оваа наша држава, да ја направиме богата и просперитетна држава на вештачка интелигенција и нови технологии, роботика и трансфер на знаење, рече Христијан Мицкоски
Потоа, Мицкоски се пожали дека ВМРО-ДПМНЕ се соочува со истите кодошења како Илинденците.
-Оваа наша генерација се соочува со истите предизвици на тие кодоши кои што кон крајот на 19-тиот век ги кодошеа комитите и Илинденците, на тие полициски удбашки душкала кои што секогаш беа помеѓу Македонците патриоти во дијаспората за време на поранешната држава и на почетоците на создавањето на ВМРО-ДПМНЕ, кои што стенограмски известуваа од состаноците на партијата, на новата национална партија ВМРО-ДПМНЕ. А, денеска имаме такви полициски инсталации на седниците на состаноците на општинскиот комитет кои што снимаат, слушаат и преслушуваат. И само две прашања имаат задолженија да ги постават и на мене и вам, а тоа е - „Што направивте ние, додека Заев ја продаваше Македонија? И што направи ВМРО-ДПМНЕ во опозиција во услови на хибриден режим?“ Еве, ќе ви дадам одговор: Се боревме и ќе продолжиме да се бориме. Ете тоа е одговорот. А, нашиот интерес е да го зачуваме не само народот туку државата, рече меѓу другото Мицкоски.
Тој во својот говор рече дека го чувствува мирисот на промените во Битола, им порача на битолчани дека гласот на локланите избори за секој градоначалник на СДСМ, е глас за Зоран Заев.
Претседаелот на УМС Сергеј Попов, во својот говор ги повика младите социјалдемократи да не одат по патот на нивниот лидер Зоран Заев
-Сега ќе упатам порака до нашиот политички опонент, до социјалдемократската младина, не одете по патот на пропаста кој го трасира вашиот лидер, излезете од мантрата на понижување, која ве користи за лично богатење и опстојување на власт, утре вие ќе го носите товарот дека сте направиле штета на сопствената земја. Земја која треба да ја градиме сами со свои идеи, цели и сили. Тешката ситуација во Македонија е она кое сите нас не обединува.
По повод Денот на Македонската револуционарна борба, 23 Октомври, Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ-Битола, утре, вторник, ќе организира трибина за формирањето, делото и значењето на Македонската револуционерна организација.