Webp.net gifmaker

Мицкоски  се пожали дека ВМРО-ДПМНЕ се соочува со истите кодошења како  Илинденците

Јуни 12, 2021

Во своето обраќање денеска на 30 конференција на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ што се одржа во античкиот локалитет Херкалеја Линкестис во Битола, лидерот на партијата, Христијан Мицкоски во два наврати го поистовети членството со  Илинденците.

„И тука сакам да направам една споредба, дека тоа што го правеа преродбениците во 19-тиот век и создаваа нација, го продолжија Илинденците и Асномците кога создадоа своја држава. А, денеска е на нас, на Унијата на млади сили, на ВМРО-ДПМНЕ во 21 век да ја сочуваме оваа наша држава, да ја направиме богата и просперитетна држава на вештачка интелигенција и нови технологии, роботика и трансфер на знаење, рече  Христијан Мицкоски

Потоа, Мицкоски  се пожали дека ВМРО-ДПМНЕ се соочува со истите кодошења како  Илинденците.

-Оваа наша генерација се соочува со истите предизвици на тие кодоши кои што кон крајот на 19-тиот век ги кодошеа комитите и Илинденците, на тие полициски удбашки душкала кои што секогаш беа помеѓу Македонците патриоти во дијаспората за време на поранешната држава и на почетоците на создавањето на ВМРО-ДПМНЕ, кои што стенограмски известуваа од состаноците на партијата, на новата национална партија ВМРО-ДПМНЕ. А, денеска имаме такви полициски инсталации на седниците на состаноците на општинскиот комитет кои што снимаат, слушаат и преслушуваат. И само две прашања имаат задолженија да ги постават и на мене и вам, а тоа е -  „Што направивте ние, додека Заев ја продаваше Македонија? И што направи ВМРО-ДПМНЕ во опозиција во услови на хибриден режим?“ Еве, ќе ви дадам одговор: Се боревме и ќе продолжиме да се бориме. Ете тоа е одговорот. А, нашиот интерес е да го зачуваме не само народот туку државата, рече меѓу другото Мицкоски.

Тој во својот говор рече дека го чувствува мирисот на промените во Битола, им порача на битолчани дека гласот на локланите избори за секој градоначалник на СДСМ, е глас за Зоран Заев.

Претседаелот на УМС Сергеј Попов, во својот говор ги повика  младите социјалдемократи да не одат по патот на нивниот лидер Зоран Заев


-Сега ќе упатам порака до нашиот политички опонент, до социјалдемократската младина, не одете по патот на пропаста кој го трасира вашиот лидер, излезете од мантрата на понижување, која ве користи за лично богатење и опстојување на власт, утре вие ќе го носите товарот дека сте направиле штета на сопствената земја. Земја која треба да ја градиме сами со свои идеи, цели и сили. Тешката ситуација во Македонија е она кое сите нас не обединува.

 

199132267 10159710337334260 921264698720255539 n

198928580 10159710337269260 7306178685685391592 n

198867803 10159710337544260 1970044211489072414 n

199651817 10159710337494260 300764445396543526 n

200064854 10159710338064260 2757703216182865484 n

200367850 10159710337639260 3517501781413581551 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани