АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион постави 11 агрометеоролошки мерни станици во Пелагонија, со инсталиран софтвер за земјоделски култури карактеристични за регионот. Софтверот служи за прогноза на болести на културите поседува сензори за временските услови, кои даваат информации достапни за користење бесплатно од сите земјоделци и заинтересирани страни во регионот.
Центарот за развој на Пелагонискиот плански Регион ја започна вторта сесија на регионални форуми кои што ги имплементира во рамките на проектот „Одржлив инклузивен регионален развој“, финансиски поддржан од Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за соработка и развој. Од вие форуми лани, како најдобар беше избран проектот за Парк за деца и лица со посебни потреби кои се изгради во Битола.
Паркот за деца и лица со посебни потреби лоциран кај градското Шеталиште, од денес е во надлежност на Општина Битола, а ќе го одржува ЈП „Комуналец“.
Започнаа активностите за изградба на Парк за деца и лица со посебни потреби. Изградбата се реализира од страна на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион во соработка со Општина Битола, а проектот е финансиски поддржан од Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка и има вкупен буџет од 5,5 милиони денари
Министерот за локална самоуправа, Горан Милевски и градоначалниците од Пелагонискиот регион на денешната седница на Советот на Пелагонискиот планкси регион, потпишаа договор за финасирање на проектите наменети за општините во овој регион