Денеска се одржа петтата по ред акција за пошумување на ридот Баир организирана од граѓанската иницијатица Зелен Баир и Центарот за европски развој и интеграција. Во овогодинешната акција 50-тина учесници од сите возрасти засадија 500 зимзелени садници од црн бор на потегот над црквата „Св. Четириесет маченици“ во месноста Кркардаш. Во изминатите 4 години беа засадени повеќе од 1000 садници од кои дел веќе се адаптирани и го разеленуваат просторот. Со денешната акција беа заменети и пополнети празнините во новиот појас шума кој го создаваме со оваа иницијатива.

Започна реновирањето на дел од месната заедница „Димитар Влахов“ и реконструкцијата на игралиштето во нејзина непосредна близина. Со средства од над 400.000 денари обезбедени од Швајцарската агенција за развој и соработка, заедно со невладините организации „Преда плус“ и „Баирска светлина“, се изведуваат реконструктивни зафати за адаптација на месната заедница, а Општина Битола обезбеди од 450.000 денари. Во реконструкцијата ќе се вклучат и битолските јавни претпријатија. За локалното население, овие два проекти ќе имаат големо значење.

Страница 1 од 2

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани