Се решава проблемот со трафостаницата на Баирот кај обиколницата

Февруари 07, 2020

Се монтираат кабли за електрична енергија и делови  за новата трафостаница во населбата Баир под обиколницата. Речиси еден месец, дел од населбата Баир има проблем со напојување со електрична енергија, бидејќи дивоприклучените домови ја оптоварија трафостаницата на улицата Дебрска при што настана пожар. Најголем дел од граѓаните по една недела беа вклучени на друга мрежа, но најпрво оние кои редовно си ги плаќаат сметките за струја. Неплаќачите, пак во неколку наврати со протести се обидоа да издејствуваат повторно вклучување во електричната мрежа. Ја блокираа обиколницата, палеа  отпад и свежо исечени дрвја од околните ридови, загадувајќи ја околината и предизвикувајќи штета на асфалтот на обиколницата. Денеска  екипи на ЕВН се на терен со цел да се надмине проблемот. 

-Новата трафостаница се монтира дел по дел со цел да се реши проблемот со напојувањето во оваа населба. Заради тесните улички не можевме да ја однесеме целата трафостаница.  Плаќачите имаат електрична енергија, освен оние дивоприклучените на електричната мрежа. Проблемот во населбата Баир се решава -изјави Атанас Ковачевски, портпарол на ЕВН за Апла.мк. 

баир 2

баир 3

баир 4

А,Б

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани