АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Промена во начинот на избор на директорите на училиштата носи новиот закон за основно образование. Тоа денеска го најави министерот за образование и наука Арбер Адеми, нарекувајќи го новиот систем „департизација на училиштата“.
За тоа кој ќе биде новиот менаџер во училиштата, според предлог-законот, ќе одлучуваат наставниците.
-Во делот на деполитизација и департизација на училиштата, има големи промени од аспект на именување и избор на директори. Мислам дека тоа треба да се остави на избор на самите училишта, сами тие да одлучат кој ќе биде нивниот раководител, нивниот менаџер, имајќи во предвид дека тие подобро ги знаат нивните колеги и настрана од политиката да биде во овие процеси – рече министерот Адеми.