2win800x200

Директорот на училиштето ќе го бираат наставниците, а не градоначалникот - ова го предвидува новиот закон за основно образование

Јуни 19, 2019

Промена во начинот на избор на директорите на училиштата носи новиот закон за основно образование. Тоа денеска го најави министерот за образование и наука Арбер Адеми, нарекувајќи го новиот систем „департизација на училиштата“.

За тоа кој ќе биде новиот менаџер во училиштата, според предлог-законот, ќе одлучуваат наставниците.

-Во делот на деполитизација и департизација на училиштата, има големи промени од аспект на именување и избор на директори. Мислам дека тоа треба да се остави на избор на самите училишта, сами тие да одлучат кој ќе биде нивниот раководител, нивниот менаџер, имајќи во предвид дека тие подобро ги знаат нивните колеги и настрана од политиката да биде во овие процеси – рече министерот Адеми.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани