АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Стартот на ски сезоната на Копанки мина успешно и покрај лошите временски услови, информираат од хотелот Молика
Ски центарот во Нижеполе утре, сабота, ќе започне пробно скијање на ски стазата, информираат од ЈП Стрежево. Во недела на 17 јануари, ќе има промотивно скијање.
Прооден е патот за Пелистер кој води до ски центарот Копанки. Од „Македоднија пат“ за апла.мк информираат дека патот е целосно исчистен и дека битолчани можат непречено да стигнат до Копанки. Мал застој имало утрово кога на возилото на „Македонија пат“ му пукнала гумата. По промената екипите продолжиле со чистење.
Од утре, сабота 5 јануари, официјално започнува новата скијачка сезона во Ски – центарот „Копанки“. Скијачкиот центар е целосно подготвен и екипиран за непречено и безбедно функционирање на ски-терените.