2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Општина Битола инвестира преку програмата за социјална заштита за 2021 година, согласно објавениот јавен повик за искористување на средства за адаптација, изградба или поставување на инфраструктура и опрема за физичка пристапност во домот на лица со попреченост.

Градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска, го посети домот на Лидија Ристевска, лице кое е корисник на средствата наменети за помош и олеснување на лицата со попреченост. Ристевска појасни дека со средствата од Општина Битола се извршени неколку корекции и прилагодувања во тоалетот, олеснет е пристапот до кујната со рушење на ѕид, заменета е вратата за терасата со поширока со отстранување на праговите.На средбата, Ристевска изрази посебна благодарасност до градоначалничката Петровска, бидејќи сите овие интервенции во значајна мерка и го олеснија секојдневното движење низ станот и и овоможија подостоинствено да се справува со предизвиците со кои се соочува како инвалидизирано лице.

На седумте апликанти кои аплицираа на повикот, исплатени им се над 355.000 денари, во инвестиции за надминување на досегашните бариери кои значително им го отежнувале животот. Јавниот повик за кој се обезбедени 1.000.000 денари е отворен во текот на целата година, до целосно искористување на средствата.

Подобрувањето на условите и новите можности кои создаваат еднакви услови за сите граѓани, се постојана заложба во мандатот на градоначалничката Петровска.

  • Покрај прилагодувањето на 17 локации на улицата „Партизанска“, каде што е направено спуштање на тротоарите, како и активностите кои се во тек на други улици, завршено е и уредувањето на пристап на улица во населбата „Девеани“, каде што живее инвалидизирано лице.
  • На иницијатива на градоначалничката Петровска, со средства од над 1.500.000 денари, општината обезбеди лифт за влез во општинската зграда и изврши целосна санација и адаптација на тоалет наменет за лицата со потешкотии во мобилноста.
  • Направена е пристапна патека во салата на Советот на Општина Битола, со што е овозможен влез во салата за лица со количка, присуство на состаноци и учество во процесот на носење одлуки.
  • Општината инвестираше и во пристапност до Дневниот центар за лица со телесна и интелектуална попреченост.
  • Преку проектот СМАРТ КУЛ ТУР, финансиран од ИПА програмата за прекугранична соработка направена е пристапност и до Археолошкиот локалитет Хераклеа.
  • Со инвестиција од 2 700 000 денари, преку проектот „Зајакнување на општинските совети“, финансиран од УНДП, општината на 4 локации, во дворовите на детските градинки: „Коца Василева“, „Пролет“ и училишните дворови на ОУ „Коле Канински“ и ОУ „Св. Климент Охридски“, ги збогатени можностите за детски креативно рекреативни активности, преку изградба на детски инклузивни паркови, детски креативни игралишта, а во својот возен парк обезбеди уште едно транспортно возило – минибус, наменето за лицата со попречености.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани