АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Општина Битола инвестира преку програмата за социјална заштита за 2021 година, согласно објавениот јавен повик за искористување на средства за адаптација, изградба или поставување на инфраструктура и опрема за физичка пристапност во домот на лица со попреченост.
Градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска, го посети домот на Лидија Ристевска, лице кое е корисник на средствата наменети за помош и олеснување на лицата со попреченост. Ристевска појасни дека со средствата од Општина Битола се извршени неколку корекции и прилагодувања во тоалетот, олеснет е пристапот до кујната со рушење на ѕид, заменета е вратата за терасата со поширока со отстранување на праговите.На средбата, Ристевска изрази посебна благодарасност до градоначалничката Петровска, бидејќи сите овие интервенции во значајна мерка и го олеснија секојдневното движење низ станот и и овоможија подостоинствено да се справува со предизвиците со кои се соочува како инвалидизирано лице.
На седумте апликанти кои аплицираа на повикот, исплатени им се над 355.000 денари, во инвестиции за надминување на досегашните бариери кои значително им го отежнувале животот. Јавниот повик за кој се обезбедени 1.000.000 денари е отворен во текот на целата година, до целосно искористување на средствата.
Подобрувањето на условите и новите можности кои создаваат еднакви услови за сите граѓани, се постојана заложба во мандатот на градоначалничката Петровска.