2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Со отворањето на манифестацијата „10 дена Крушевска Република“ вечерва (1.8.2023 г.) на Гумење во Крушево,  под слоганот „120 години Илинден – Огниште на татковината“ и официјално почна чествувањето на големиот празник 2 Август, Илинден – Денот на Републиката.

На отворањето на манифестацијата на која се обрати претседателот на Владата Димитар Ковачевски присуствуваше и министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Ковачевски на манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“ рече „пред нас е аманетот на Илинденците и Асномците, дека секоја битка за македонскиот напредок– вреди!“

„И Илинденските и Асномците се бореле со се што имале, а најмногу со своите животи за меѓународно внимание, помош, поддршка, за вистинско признание од другите народи, нации и држави! И во тоа успеале! Но, нивните идеали и принципи се идентични и денес! И токму по Илинден 903-та, Асном 44-та, но и Скопје 1991-ва, клучното прашање е: каква држава сакаме и правиме денес? Каква држава сакаме да оставиме утре? Сакам јасно и силно да истакнам дека и ние имаме обврска, имаме незавршена работа, континуирано да ја градиме државата како слободна држава на слободни граѓани! Држава со своја историја, сегашност и иднина! Тоа е нашата обврска, тоа е нашиот наследен завет и аманет, тоа мора да биде нашето наследство за идните генерации! Ние знаеме дека од Илинден - до денес, ништо не било лесно. Затоа што и нема лесен пат до вредна цел. Илинденците и Асномците не се прашувале дали вреди да се продолжи. Не калкулирале со следниот потребен чекор. Не бегале од одлуки и не се криеле. Знаеле и дека во обединувањето е силата – и така и постапувале. Одлуките на илинденците и асномците обврзуваат дека битките се водат, не се напуштаат! Така е добиена битката за слобода. За своја македонска држава. За свој македонски јазик. За признавање на македонскиот идентитет“, рече Ковачевски во Крушево. 

0
Министерката Костадиновска-Стојчевска по повод одбележувањето на  120 години од Илинденското востание и Крушевската Република порача - „Крушево одново сведочи на нашиот копнеж, на нашата битка до последен за слобода, на нашиот глас до светот дека ние Македонците сме жедни за своја Татковина и дека и ние Македоците имаме право на неа. Под бајракот на скапо платената слобода, продолжуваме да ги чуваме и реализираме вредностите на двата Илиндена, 1903 и 1944 година. Нашите илинденци, нашите партизани се најсветиот дел од нашата историја, од нашиот идентитет“, рече Костадиновска -Стојчевска од Крушево .

Манифестацијата  „10 дена Крушевска Република“ која ги претставува културата, традицијата и историјата на Крушево за присутните реализираше богата програма и целовечерен концерт на повеќе изведувачи.

Дерик Меј и најдобрите македонски диџеи ќе ја наелектризираат плажата „Дупени“ во чест на 120 години од Илинденското востание. Станува збор за проектот “120 Години Илинден” каде главни протагонисти се легендарниот DJ Дерик Меј и најдобрите артисти од Македонија. Настанот ќе се одржи на 2 Август на плажата „Дупени“ на Преспанското езеро каде пред неколку илјадната публика ќе биде претставено комплетно различно музичко доживување во уникатниот летен амбиент и неповторлива атмосфера во продукција на Баланс. На неколку денови пред овој настан, во Битола вчера се појави лично Дерик Меј на прес конференција во Битола.

„Навистина е радосно да се знае дека мојата музика допре до толку многу луѓе, не само во Детроит, мојот роден град, туку и во Македонија и други делови од светот. Техно музиката, отсекогаш била за кршење на границите и поврзување на луѓето. Сведочењето на глобалното влијание на мојата музика ја потврдува универзалноста на техното и неговата способност да ги спои различните култури на подиумот. Се чувствувам неверојатно благодарен за поддршката и љубовта од моите фанови ширум светот“ - истакна Меј на средбата со новинарите.

По потекло од родното место на техното, Детроит, Мичиген, САД, а придонесот на Дерик Меј во светот на музиката не се ништо помалку од револуционерни. Како еден од основачите на техно движењето во Детроит, тој го обликуваше текот на електронската музика, кревајќи ја до нови височини и воодушевувајќи ја публиката ширум светот со неговиот препознатлив звук. Од андерграунд клубовите во Детроит до меѓународните сцени, неговите настапи резонираа со безброј обожаватели, премостувајќи ги културните празнини и обединувајќи ги луѓето преку универзалниот јазик на музиката.

На прес конференцијата, Дерик Меј се потсети на неговото прво доаѓање во Македонија пред точно 23 години, непосредно по осамостојувањето, по покана на македонскиот DJ Огнен Узуновски.

“Од денешна дистанца, можам да кажам дека беше храброст да се дојде тогаш на Балканот, во Македонија. Имаше воен конфликт, со мене во авионот се сеќавам се возеа војници, а на царинска контрола не можеа да разберат зошто доаѓам со куфери полни со плочи. Но, таа средба со Македонија и неколкумина личности меѓу кои е Огнен, беше клучна да се вљубам во земјата која ми покажа силно гостопримство. Бев воодушевен од енергичната култура, богатата историја и вистинската страст за музиката што ја почувствував за време на таа посета. Енергијата на фановите беше заразна, а линкот што го направивме на таа прва историска журка во Градиште, беше неспоредлива. Тоа искуство ми го продлабочи мојот став дека нема мала или голема земја, кога станува збор за техно музиката. Ми ги отвори очите за моќта на музиката на една нација која и во време на конфликт и воена криза сака да биде дел од светот. Од таа посета, секогаш со нетрпение очекував да се вратам во оваа прекрасна земја и да ја споделам мојата страст кон она што го правам„- додаде Меј.

Македонските диџеи: Браќата Узун, Стојче, ДЏ Маци, Томи Бојаџи, Дејан Декс, Фирма како и Монго и Омару  на 2 Август ќе бидат во Преспа.

Втори Август – Илиден е датумот кој го поврзува и американскиот DJ Дерик Меј со Македонија бидејќи во 2014 година, во рамките на проектот „Musica Universalis“ и во продукција на „Баланс“ настапи во Античкиот Тетар во Охрид заедно со Македонската филхармонија, под диригентската палка на Џијан Емин. Подоцна се реализираа повеќе концерти во Гент, Париз, Ница, Детроит, Мец, Мелбурн. Во 2016та година проектот беше дел од фестивалот 9ет во Белград, кога настапуваа Хуан Аткинс заедно со Белградската Филхармонија, а во 2019 проектот за прв пат беше претставен и во Лондон.

Македонија е подготвена уште еднаш да биде сведок на извонредна фузија на историјата, музиката и културата за овој историски празник. Концертот ќе биде одржан во несекојдневен сценски простор, покрај Преспанското крајбрежје кое ќе придонесе за една друга димензија на проектот. 2 Август е денот кога музиката и историјата ќе се спојат, а и ќе прославиме 23 години од првата забава на Balance и 120 години Илинден, денот кога борбата за самостојност почна да се оформува во независна и самостојна држава„ - истакна Сашо Узуновски еден од организаторите на овој настан. Инаку, во придружба на Меј деновиве е и продукција а екипа која подготвува филм со работен наслов „Скопски Баланс„ посветен на 23 години од работата на оваа промотерска куќа, филм во кој Меј ќе има значајна улога.

фото Кети Талевска Бакревска

 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани