АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Шенѓул Бошевска е една од вработените во ЈКП „Комуналец“ задолжена за одржување на јавната чистота низ градот. Заедно со нејзините колеги ги чистат улиците, тротоарите и зелените површини од ѓубрето што секојдневно се создава. Но, велат дека никој не може да исчисти толку колку што другите можат да изгнасат. Наидуваат на секакви случаи, но најсрамно е што некои луѓе не можат да ги променат навиките, па ѓубрето се уште го фрлаат преку балкон, вели Шенѓул.
Сопствениците на пекарата „Булевар“ лоцирана наспорти битолскиот Суд, денеска организираа акција за чистење на ѓубрето што нивните потрошувачи го фрлаат во коритото на реката „Драгор“. Купишта најлонски кеси, хартија и остатоци од храна, висеа на внатрешната страна од коритото, на што бурно реагираа битолачни, посебно на социјалните мрежи.
Битолачанец на среде улицата Партизанска возејќи се ослободи од ѓубрето кое го носеше во автомобилот. Едноставно го отвори прозорецот и на очиглед на минувачите го фрли најлонот полн со отпадоци среде улицата пред салонот за мебел „Симпо“ и си продолжи по патот. Како поминуваа автомобилите го распарчуваат најлонот, па улицата се преплави со отпадоци хартија и ѓубриште.
Осум контејнери или 17 кубици ѓубре биле исфрлени деновиве од околината на станбените комплекси Пелагонка2 и Стара Болница во акција што ја организирале станарите. Но, радоста кратко им траеше затоа што ноќва вандали дивееле во населбата до рано утрово. Искршени шишиња од алкохолни пијалоци, конзерви, срчи, ѓубре од храна се расфрлани насекаде во комплексот.
Празни шишиња од пиво, пластични чаши оставени пред дуќаните во комплексот Пелагонка 2, остатоци од храна и други отпадоци расфрлани низ комплексот Стара болница, е редовна глетка за викендите.