АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Осум контејнери или 17 кубици ѓубре биле исфрлени деновиве од околината на станбените комплекси Пелагонка2 и Стара Болница во акција што ја организирале станарите. Но, радоста кратко им траеше затоа што ноќва вандали дивееле во населбата до рано утрово. Искршени шишиња од алкохолни пијалоци, конзерви, срчи, ѓубре од храна се расфрлани насекаде во комплексот.
-Се организиравме, плативме луѓе за да го исчистат ѓубрето во кое се дававме, ама ова веќе ја премина секоја граница. И голем дел од станарите имаат лоши хигиенски навики, го фрлаат сметот наоколу, иако контејнерите им се на 10 метри од зградите, но, најголем проблем е што за време на викендите, во ноќните часови се собираат млади луѓе и оставаат купишта ѓубре. Опасно е децата да ги пуштиме да си играат во тревниците, срчи има насекаде, се жалат станарите.
Апла. мк во неколку наврати пишуваше за ѓубриштата расфрелени во комплексот згради во строгиот центар на Битола. Иако жителите се потрудиле да ја сменат оваа слика, очигледно е дека навиките тешко се менуваат.