АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Транспарентно трошење на парите за Битфест, бесплатниот превоз на ученици, програма за одбележување на значајни настани и истакнати личности со спомен обележја беа дел од барањата на советниците да се постават како точки на дневен ред на денешната седница на Совет.
-Барам писмена информација од општина Битола со листа на сите апликации кои пристигнале за Битфест 2018 година и листа на сите апликации кои добиле средства и колкав е износот што го добиле. Претходно се одлучуваше со Комисија кои апликации ќе добијат средства , ние имаме формирано Комисија за култура пред пет месеци и истата воопшто не е консултирана и воопшто нема увид на апликациите. Сакам да запрашам која е улогата на Комисијата кога најголемиот културен настан не е поминат на истата, побара независната советничка Габриела Илиевска.
Елена Трајчевска од ВМРО-ДПМНЕ побара дополнување на дневниот ред со точка информација за организацијата на превозот на учениците во учебната 2018-2019 година.
-До нас како советници стигнуваат реакции од наши сограѓани , родители кои покрај тоа што согласно Закон да бидат ослободени од товарот на своите деца да им плаќаат превоз до училиште и назат, тие беа приморани последните месеци од учебната година што измина тоа да го финансираат од сопствен џеб. Поради тоа барам информациија дали и како ќе биде организиран бесплатниот школски превоз од септември 2018 година? Се наоѓаме на 40 дена од почетокот на новата учебна година , а информациите кои ние ги имаме говорат дека за неколку училишта не се потпишани договори со превозници и нема постапки во тек, рече Трајчевска.
Дополнување на дневниот ред побара и советникот на СДСМ, Методија Илиевски со три точки.
Програма за одбележување на значајни настани и истакнати личности со спомен обележја за период од пет години од 2018-2023 година. Одлука за поставување на спомен обележја на скулптурата „Сончев часовник“ на локалитетот Еврејски гробишта. И како трета точка Илиевски го предложи барањето за добивање согласност за измени и дополнувања на годишниот план за вработување за 2018 година за ЈПК „Коминалец“ .
До каде е воведувањето на дополнителните автобуски линии што ги вети градоначалничката Нашата Петровска во предизборието , побара информација независниот советник Иван Чулакоски, со посебен акцент на автобуската линија за населбата Баир.
Мнозинството единствено ги прифати точките што ги предложи советникот на СДСМ, Илиевски, за останатите се гласаше воздржано.
Претседателот на Совет, Валентин Греувски рече дека Илиевска информациите како се делат парите за Битфест може да ги побара од Општина Битола како барање за слободен пристап до информации од јавен карактер или да го постави како советничко прашање до градоначалничката. Груевски образложи дека Петровска на почетокот на битолското културно лето транспарентно ја објави сумата што годинава ќе се троши за Битфест. Што се однесува до превозот за учениците, Груевски рече дека општината работи сериозно на оваа постапка со законски измени во овој дел.
Во соработка со Сојуз на Борци од НОАВМ - Општински Одбор Битола во рамките на Битфест ќе се одржи промоција на книгата „ Нашето националистичко пијанство “ од Александар Литовски. Настанот ќе се одржи утре 13.07.2018 година ( петок ) со почеток во 19:00ч. во „ Магаза “ Битола .
Во рамките на Битолското културно лето „Бит Фест“, во Културниот центар Магаза, беше отворена изложбата на копаничарското ателје „Пердика“.
„Би- Лет“ да е новото име на битолското културно лето „Битфест“, предлага продуцентот Панде Димитровски, творецот на магазинот за хумор и забава „Без навреда“.
Во најновиот број на магазинот, Димитровски, пишува дека во тек е оглас за најновото издание на битолското културно лето, па по социјалните мрежи и медиуми често се загатнува прашањето дали и годинава новата локална власт ќе го задржи името „Битфест“ или ќе понуди нешто друго. Сега „Без навреда“ предлага „со еден куршум да се отепаат два зајаци“.
-Битолското културно лето да се вика „Би –Лет“ , што би дошло од првите букви на битолско лето. Првиот зајак, значи нов нунко, ново име, нова тура-нова авантура. И вториот зајак од првите букви Би-Лет да дојде заедно во БИЛЕТ, да се спроведи на дело, да се користи во вид на влезница, пишува Димитровски.
Каков концепт ќе има годишеното издание на битолското културно лето „Битфест“? Колку пари од буџетот ќе бидат издвоени за ова намена, односно колку ќе бидат скратени? Дали градоначалничката Наташа Петровска годинава ќе го задржи истото име на манифестација „Битфест “чии кум беше екс градоначалникот Владимир Талески во 2005 година.Ова се само дел од прашањата кои допрва треба да ги отвори новата локална власт, откако по нејзиното доаѓање беше обеледенето дека бившиот градоначалник за „Битфест“ трошеше по стотици илјади евра секое лето без да даде отчет пред јавноста.Општината го објави јавниот повик за учество во програмата на битолското културно лето „Битфест“- 2018. Општината оваа година го организира 12-то издание кое ќе трае од 21 јуни до 28 август.