АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Големата сцена на Народниот театар во Битола од денеска ќе го носи името на Благој Стефановски-Баге, беше соопштено денеска на комеморативната седница посветена на животот и делото на Стефановски кој почина на 3 декември, на 67 годишна возраст.
-Благодарам, се извинувам што не ти кажав балгодарам тогаш кога требало. Ама тоа е во човековата природа. Ти благодарам за многу работи поврзани со мојата театарска кариера. Ми претствува ограмна чест да ви соопштам дека оваа сцена на која што денеска стоиме, позната како Големата сцена на НТБ од денес ќе го носи името „Благој Стефановски Баге“, во чест за сето она што го направи за нашиот Народен театар, за оваа сцена и за неговата неисцрпна борба во сите години наназад, рече Илина Чоревска, уметнички директор на НТБ, по што присутните со громогласен аплауз му одадоа почит на Баге.
Благоја Стефановски-Баге е годинешниот добитник на наградата 4-ти Ноември за животно дело што Општина Битола ја доделува по повод Денот на ослободувањето на Битола. Колегите од Битолскиот народен театар го предложија Стефановски за оваа награда.
Стефановски е актер по професија , поранешен директор на Битолскиот народен театар и поранешен министер за култура.
Благоја Стефановски е роден во Битола на 7 март 1953 година. Дипломирал на отсекот за драмски актери на Факултетот за драмски уметности во 1975 година. Од 1975 до 1980 година бил директор на Битолскиот народен театар. Бил претседател на Фестивалот „Браќа Манаки”, претседател на Советот и селектор на драмската програма на Фестивалот „Охридско лето” и претседател на Фестивалот „Војдан Чернодрински”.
Од 1994 до 1998 година бил пратеник во Собранието на Република Македонија. Од 1 ноември 2002 година до 6 јули 2006 ја извршува функцијата министер за култура.
Годинава општината ќе додели и седум едногодишни награди односно признанија и тоа на Васко Михалчев, Ѓорги Лазаревски, Градинката „Мајски цвет“, Марија Росенгрен, Марија Младеновска-Димитровска, Јасмина Буневска и печатницата Киро Дандаро.
А.Б