АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Големата сцена на Народниот театар во Битола од денеска ќе го носи името на Благој Стефановски-Баге, беше соопштено денеска на комеморативната седница посветена на животот и делото на Стефановски кој почина на 3 декември, на 67 годишна возраст.
-Благодарам, се извинувам што не ти кажав балгодарам тогаш кога требало. Ама тоа е во човековата природа. Ти благодарам за многу работи поврзани со мојата театарска кариера. Ми претствува ограмна чест да ви соопштам дека оваа сцена на која што денеска стоиме, позната како Големата сцена на НТБ од денес ќе го носи името „Благој Стефановски Баге“, во чест за сето она што го направи за нашиот Народен театар, за оваа сцена и за неговата неисцрпна борба во сите години наназад, рече Илина Чоревска, уметнички директор на НТБ, по што присутните со громогласен аплауз му одадоа почит на Баге.
Со Баге се прости и актуелниот директор на НТБ- Битола, Иван Јерчиќ
-Веста за смртта на Баге не пречека неспремни, не дека живееме во толкава илузија дека тоа е чин пред кој ќе се исправиме без никаков страв и ќе бидеме подготвени, туку затоа што денес театарот се соочува со сериозна отсутност. А за решенијата и излез од оваа ситуација тој ни беше повеќе од потребен. Ми јавија на проба, во време кога, за жал, е подвиг да се проба, да се прават претстави, а тоа е нешто што тој знаеше да го прави како никој друг-да созадава театар, му напиша Иван Јериќ, директор на НТБ, кој од здравствени причини не беше на комеморацијата.
-Благој Стефановски-Баге беше еден од најстрастните театарски работници во земјава, искрен вљубеник и борец за културата во Македонија, во регионот и Европа, кој комплетно се вгради во светските театарски анали, рече на комеморацијата актерот од Народниот театар во Битола, Петар Горко. Тој прочита писма за сочувство и сеќавања значајни личности и институциии, од колективите на тетарите низ државата, политичари, актери, режисери, театарски работници, соработници на Стефановски. Пренесуваме дел од прошталното писмо на режисерот Слободан Унковски.
-Овде никогаш не сме умееле луѓето кои се особени, успешни, што ни вредат да ги истакнем, да ги наградиме да ги презентираме како модел за следните генерации. Повеќе би сакале ако можеме да ги сотреме, да ја поништеме нивната трага, да ги компромитираме, политички да ги изолираме и евентуално да ги осудиме. Покрај тагата имам една горчина затоа што беше принуден многу работи да направи наспроти инерцијата на малата средина и градската управа, наспорти скепсата на метрополата наспроти анемичноста на Владите во однос на култураат, наспроти често недоволната поддршка на Министерството за култура, наспорти се, напиша Унковски за Баге.
Благој Стефановски е роден во 1953 година во Битола, а дипломирал во 1975 година на Високата музичка школа во Скопје на отсекот драмски актери, денес Факултет за драмски уметности. Истата година се вработил како актер во НТБ. Од од 1980 до 2002 година работи и како актер и како директор во НТБ. Од 1994 до 1998 година е пратеник во Собранието на РМ и претседател на собраниската. Комисијата за култура, од 2002 до 2006 година ја извршува функцијата министер за култура во Владата на РМ. По завршувањето на министерскиот мандат го формира Малиот драсмки театар-Битола, кој работеше на независната културна сцена. Стефановски беше претседател на фетсивалто „Браќа Манаки“, претседател на Советот и селектор на драмската програма на фестивалто „Охридско лето“, претседател на фестивалот „Војдан Чернодрински3-Прилеп, селектор на фестивалот Ристо Шишков-Струмица претстадтел на УО на Нардоен театар-Битола. Во текот на неговата кариера добитник е на повеќе награди и признанија, меѓу кои и наградата „4 Ноември“ за животно дело на Општина Битола
Стефановски 24 години беше директор на Народниот театар во Битола, а токму во тоа време оваа театарска куќа го има својот пресврт и доживува најголем подем
-Со неговото ангажирање, битолскито Театар излегува од летаргичниот сон и благодарение на креативните заложби на Благој Стефановски, кој го пишува театарското ново раздобје, за релативно кратко врме израснува во респектибилен, сериозен, хомоген изведувачки уметнички сосотав, кој ги добива најпрестижните национални и меѓународни награди и признанија и се афирмира во македонските, балкнаските простори но и пошироко во светот, беше речено на комеморативната седница во НТБ.
Е.Мисирлиевски