АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Почитувани граѓани, иако сите институции, надлежниот инспекторат за локална самоуправа утврди и потврди дека ја зборувавме вистината, кога стануваше збор за незаконско разрешување на членовите на управните и надзорните одбори на 27 седница на Советот на општина Битола, циркузите не стивнуваат и никако да преовлада разумот и рационалното однесување за доброто на Битола и битолчани.
По извршениот вонреден инспекциски надзор на Инспекторатот за локална самоуправа, а на барање на градоначалникот Тони Коњановски, Инспекторатот донесе решение со кое се изрекува опомена на претседателката на Советот на општина Битола Габриела Илиевска. Станува збор за втора опомена за незаконско и неделовничко работење на претседателката Илиевска. Оваа, втората, се однесува за утврдените неправилности при донесените решенија за разрешување на членовите на управните и надзорните одбори на ЈКП Водовод, ЈКП Комуналец, ЈП за изградба и одржување јавен простор за паркирање и уредување и организирање на јавен превоз на патници во општина Битола, ЈП Пазари, ЈП ИЗ Жабени и Културно информативниот центар, а се однесуваат на непочитување на одредбите од член 17 - ѓ и член 26 - а од Законот за јавни претпријатија.
Рокот за извршување на изречената инспекциска мерка на донесеното решение е 15 дена од денот на приемот на решението, а субјектот на инспекциски надзор е должен веднаш по истекот на рокот определен за извршување на инспекциската мерка, а најдоцна во рок од три дена, писмено или по електронска пошта да го извести Инспекторатот дали е извршена инспекциската мерка.
Почитувани, останува отворено прашањето на совеста и одговорноста на колегите советници од СДС, Поинаку, ДОМ и ДУИ дали и натаму ќе го трошат и узурпираат времето на битолчани и општинската администрација исклучиво со голо политиканство или сериозно ќе се исправат пред обврската, со која ги задолжиле граѓаните, давајќи им ја довербата.
Битола нема време за губење, а евтините политички трикови одамна веќе не врват! Се друго е прашање на личен стајлинг и лична одлука!
Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ Битола