АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ Битола
Тажно и очајно, непристојно, лични дискредитации и клевети, политички линч. Вие од СДС, ниту како власт, ниту како опозиција, не разбравте дека политиката е концепт, идеи, проекти, понуда и конструктивна критика и предлози.
Ние имаме единствена обврска и сојузништво со граѓаните и затоа овде наведуваме неколку факти:
- факт е дека за средните училишта беа обезбедени од страна на општината Битола и градоначалникот Тони Коњановски доволно средства за реконструкција и опрема!
- факт е дека за греењето во градинката Естреа Овадија Мара, токму заради интервенција на градоначалникот Коњановски дечињата не беа оставени без греење на сред грејна сезона!
- факт е дека она што го изнесоа за советничката Павловска е само лична дискредитација и безочна, неоснована навреда зашто нејзината ќерка работи уште од времето на СДС, кога наставничката на тоа работно место своеволно се исели од Битола - како многу други млади луѓе и семејства, заради ужасот од економската криза, безнадежноста и апатијата во која СДС ја доведе Битола и Македонија!
- факт е дека наставниот кадар по германски јазик е дефицитарен!
- факт е дека со помош на неспособната, корумпирана и криминална централна власт на секој можен начин СДС се обидува да го опструира работењето на локалната самоуправа!
- факт е дека тоа исклучиво е на штета на Битола и сите нејзини граѓани!
- факт е дека директорката на Медицинското училиште, инаку СДС, заборавиле дека е нивни кадар, најмалку што може да направи после падот на таванот е да си поднесе оставка!
- факт, итоа неоспорлив е дека во целиот мандат на локална власт СДС не успеа да реши ниту еден проблем во општина Битола!
Ние, почитувани граѓани, максимално со сиот капацитет и расположливи можности посветено и одговорно работиме, Битола да биде подобро место за живеење на сите нејзини граѓани и од тоа не отстапуваме.
Ние, одговараме единствено пред Вас, а судот и оценката е Ваша почитувани граѓани!