АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Здружението за македонско – германско пријателство и соработка од Битола по повод 25 годишнината од постоењето организираше онлајн предавање на тема: „BEITRITT der EU / Пристапување во ЕУ“.
Претседателката д-р Валентина Илиева ги поздрави присутните ученици и професори. Предавањето беше во изведба на ученици од Гимназијата „Јосип Броз Тито“ под менторство на проф. Марија Стојановска и Економското училиште „Јане Сандански“ Битола под менторство на д-р Николче Шулевски во кое гостите имаа можност да се запознаат со ЕУ, преку темите:
- Историја на ЕУ
- ЕУ денес
- Јазици во ЕУ
- Институции во ЕУ
- Економија во ЕУ
Се водеше и дискусија на тема: Пристапување на Р. Северна Македонија во ЕУ со нејзините позитивни и негативни страни на германски и на македонски јазик. Проектот е поддржан од Гете Институт.
Презентациите и дискусијата беа изведени јавно, на онлајн платформата ЗООМ. Присутни беа околу 50 заинтересирани ученици и професори.
На крај претседателката се заблагодари за прекрасно подготвените и презентирани информации за Европската унија притоа осврнувајќи се на темелниот пристап на учениците и нивните ментори д-р Николче Шулевски проф. по германски јазик во СЕУ „Јане Сандански“ и проф. Марија Стојановска проф. по германски јазик во Гимназијата „Јосип Броз Тито“. Посебно интересни факти беа изнесени во дискусијата со предностите и недостатоците за членството во ЕУ и да се слушне размислувањето на младите на оваа тема.
За учеството во проектот „Пристапување во ЕУ“ учениците добија потврда за учество и мали подароци од Здружението за македонско-германско пријателство и соработка од Битола.