АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Пишува Светлана Петковска
Со црн спреј исчкртани се десетина автомобили на македонски летувалци во туристичкото место Сарти, на вториот крак во Грција. Вандали синоќа исчкртале автомобили на велешани и скопјани што биле паркирани пред хотелот „Сарти бич“. Ја исчкртале ознаката МК на регистарските таблички од возилата, а со црна боја ги исшарале и задните делови на дел од возилата. Сите десет возила се понови, меѓу нив има мерцедес, тојота, пежо и други скапи марки на автомобили, кои имаат нови регистарски таблички со ознаката МК.
Јавното претпријатие „Комуналец“ од Битола, како водечки партнер, „Комунална хигиена“ од Новаци и Движењето за околина „Молика “ од Битола ќе соработуваат со партнери од Грција во проектот „Симбиотски мрежи за одржливо управување со органскиот отпад“. Прокетот е кофинансиран од Интеррег ИПА програмата за прекугранична соработка на Грција и Македонија. Вкупниот буџет на проектот изнесува 898 853 евра, од кои 482 086 евра се за активности во Македонија, а останатите за Грција. Од грчка страна како партнери на прокетот се јавуваат „Диадима С.А.“ од Кожани, Центар за иновација и култура „Инополис“ и Националниот технички универзитет од Атина.
Мирен и вообичаен ден во Мала Преспа во соседна Грција, каде в недела ќе се потпише договорот меѓу Македонија и Грција за решавање на долгогодишниот спор за името. Мештаните од селата во овој регион си ги извршуваа вообичаените работи. Иако сеуште не се открива каде точно ќе се потпише договорот, како можна локација се споменува селото Нивици или на грчки Псаридес. Според неофицијалните информации потпишувањето ќе се случи во 9 и 30 часот утрото на грчка територија, по што шефовите на дипломатиите на Македонија и Грција, Димитров и Коѕијас, двајцата премиери Заев и Ципрас, како и претставниците од меѓународната заедница и дипломати, преку езерото ќе се префрлат на македонскиот дел од Преспа, каде во 12 часот ќе се заокружи процедурата на потпишување на договорот.
„Името не го даваме, стомакот го дадовме“ е новта парола испишана на зградите спроти Офицерскиот дом во Битола, а поврзана со актуалната состојба со преговорите за името со Грција. Битолчани се прашуваат дали паролата се однесува на дел од граѓаните кои се прикажуваат како големи патриоти и во јавноста најостро се противат на било кое друго решение освен уставното име на Македонија, а редовно одат на гиро во Лерин, на јаре во Лутраки, на шопинг во Солун?