АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Градоначалникот на Општина Ресен, Живко Гошаревски за време на седницата на Влада во Охрид побара да се задолжи Министерството за животна средина да формира работна група која ќе направи увид и ќе преземи мерки поради аларматното повлекување на Преспанското Езеро.
„На седницата на Влада, имав прилика да соопштам за тековните активности на Општина Ресен и меѓу другото да предложам предлог-заклучок со кој ке се задолжи Министерството за животна средина да формира работна група од надлежните институции ,која ке направи увид и ке предложи мерки и активности поради алармантното повлекување на Преспанското Езеро . Заклучокот е усвоен“, соопшти Гошаревски.
Градоначалникот Живко Гошаревски на интернет страницата на Општина Ресен по повод првите сто дена од својот мандат напиша дека од претходната локална власт наследил долг над 2,9 милиони евра кон 560 доверители и блокирана сметка над 1,1 милион евра. Ваквата ситуација Гошаревски истакнува дека негативно влијае врз секојдневното работење, но се прават обиди за стабилизација на Општината.