АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Градоначалникот Живко Гошаревски на интернет страницата на Општина Ресен по повод првите сто дена од својот мандат напиша дека од претходната локална власт наследил долг над 2,9 милиони евра кон 560 доверители и блокирана сметка над 1,1 милион евра. Ваквата ситуација Гошаревски истакнува дека негативно влијае врз секојдневното работење, но се прават обиди за стабилизација на Општината.
Според објавено соопштение, Гошевски набројува дека наследил книжени и неподмирени обврски, фактури и оптужени обврски од 99.031.679 денари. Неподмирени се и обврските по Договорот за ЈПП за реконструкција, модернизација, надградба и одржување на системот за јавно осветлување на подрачјето на Општина Ресен во износ од 82.552.800 денари. Вкупната обврска по овој договор за 15 години изнесува над 19 милиони денари, а подмирени се 7,5 милиони денари. Јавноста се сеќава дека овој беше посочуван како еден од капиталните прокети со кои претходната локална власт се фалеше дека ги спровела.
Неподмирени обврски има и во основното образование во вкупен износ од 136.818 евра од кои дел за неисплатени обврски за превоз на ученици за периодот од 2014 до 2017 година.Во основното образование има голем број непотребни вработувања, при што односот на број на ученици на еден вработен е еден од најнеповолните во однос на основното образование на ниво на РМ при што од вкупната блок дотација 88% се трошат за плати и надоместоци и само 12% за материјални трошоци, огрев, превоз, одржување на хигиена, посочува Гошаревски.
Градоначалникот на општината Ресен со цел решавање на големиот износ неподмирени обврски за превоз на ученици одржал повеќе работни средби со превозникот. Општината ја презела обврската долгот за основното образование за периодот 2014-2017 година да го исплати годинава, додека пак обврските за средно образование да се подмират во 2018 и 2019 година.
Понатаму, во 2018 година планираните средства во основно образование ќе се зголемат уште за 562.847 денари, а во средното образование за 210.583 денари и истите ќе бидат наменети за превоз на учениците.
Во своето обраќање градоначалникот на Ресен уште истакнаа дека е донесена одлука долговите кон доверителите да се исплаќаат со одредена динамика. Така, веќе исплатени се над 33 милиони денари од долговите, за ЈПП за улично осветлување исплатени се 2,5 милиони денари, понатаму за обврските кон ЕВН за улично остветлување, за советници, привремените вработувања, реализирани проекти од областа на урбанизмот. Дури и за извршители по блокирани сметки Општината исплатила 348.928 денари.