АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
АД ЕСМ потпиша договор за реализација на проектот Топлификација на Битола, Новаци и Могила, кој во првата фаза чини 34 милиони евра. Економскиот оператор RBA Конзорциум набрзо ќе почне со изградба и поставување на цевките, објави премиерот Зоран Заев на фејсбук.
Владата донесе одлука, од утре 10 март, па во следните 12 денови, поточно до 22 овој месец ќе има полициски час од 22 часот навечер до 5 часот наутро.
„Одлуката е воведување на полициски час од 22 часот навечер до 5 часот сабајле, почнувајќи од утре вечер, 10 март, до наутро во пет часот на 22 март. Тоа се неполни две седмици, односно 12 дена. Ќе го следиме целиот процес и имаме предвид дека во април доаѓаат рамазанските пости и други прзници, па одлуката има и превентивна цел покрај причините за зголемувањето на самите бројки. Апелирам до сите граѓани максимално да се почитуваат одлуките. Ќе следуваат засилени контроли од страна на МВР и други инспекции. Ќе следуваат зашто граѓаните очигледно се опуштија во делот на почитувањето на мерките за лична заштита како што се носење на маска, дезинфекција, негрупирање и друго. Алармира самиот број на заразени граѓани дека итно мора да се преземат мерки, а ни треба најмногу помошта од граѓаните. Угостителските објекти се очекува да се придржуваат до мерките, дадени се пособни инструкции од Владата за позасилени контроли со конечна цел да продолжи економски да живее државата, а сепак да ги маркираме најголем дел од оние граѓани кои се социјално најактивни, општествоно најприсутни, а тоа се младите кои се најголеми пренесувачи на заразата, понекогаш и без да знаат“, рече премиерот Зоран Заев.
Премиерот Зоран Заев во попладневниот дел од дебатата на седницата во Парламентот за пратенички прашања соопшти на што се планира да се однесува петтиот пакет економски мерки за помош на граѓаните и стопанството.
Бруталноста од страна на полициски службеници врз граѓани Роми, што ја видовме вчера во видеото на социјалните мрежи, е за најсилна осуда, напиша премиерот Зоран Заев на неговиот фб профил.
„Таквото однесување е срамно за полицијата, ја заслужува осудата која пристигна од јавноста.За поздравување е што Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи го утврди идентитетот на учесниците на овој исклучително немил настан, и очекувам дека многу бргу, по утврдените околности да следува целосна одговорност и соодветна казна на сите инволвирани во случајот. Вложивме многу во менувањето на ликот и однесувањето на полициските службеници и нема да дозволиме, дури и вакви изолирани случаи, да поминат без одговорност и соодветна казна“, пишува во постот на премиерот Заев.