2win800x200

Заев го осуди случајот со полициско претепување врз Роми во Битола

Септември 25, 2020

Бруталноста од страна на полициски службеници врз граѓани Роми, што ја видовме вчера во видеото на социјалните мрежи, е за најсилна осуда, напиша премиерот Зоран Заев на неговиот фб профил.

„Таквото однесување е срамно за полицијата, ја заслужува осудата која пристигна од јавноста.За поздравување е што Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи го утврди идентитетот на учесниците на овој исклучително немил настан, и очекувам дека многу бргу, по утврдените околности да следува целосна одговорност и соодветна казна на сите инволвирани во случајот. Вложивме многу во менувањето на ликот и однесувањето на полициските службеници и нема да дозволиме, дури и вакви изолирани случаи, да поминат без одговорност и соодветна казна“, пишува во постот на премиерот Заев.

 

Вчера на социјалните мрежи се појави видео материјал на кој се гледа како полицаец тепа лице за кое се тврди дека е од ромска националност. Настанот се случил уште минатата сабота навечер на улица Рузвелтова во Битола, а му претходеше сообраќајна несреќа.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани