АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Денес во Битола е пуштено во употреба реконструираното ракометно игралиште во основното училиште „Коле Канински“. За реализација на игралиштето, Видеолотарија обезбеди донација во вредност од 3 284 819 денари (53.000 евра).
- Чест ми е и задоволство што имаме прилика заеднички како бренд амбасадор на државната видеолотарија на Македонија да донираме и да го одбереме токму градот Битола. Мислам дека Битола е спортски град, пред сѐ ракометен град и тоа го заслужува. Се надевам дека со оваа донација, со оваа инвестиција и понатаму ќе предизвикаме уште поголем интерес и Битола ќе има уште поквалитетен спорт и поквалитетен ракомет што ѝ го посакувам од срце затоа што тоа го заслужува - изјави ракометната легенда Кире Лазаров, кој е бренд амбасадор на брендот „Видеолотарија Австрија“.
Фото: Томе Влашевски
Директорот Зоран Мирчевски овој спортски ресурс ќе служи како мотивација плус и за наставниците, и за учениците во училиштето „Коле Канински“ за да ја реализираат подобро наставата по физичко и здравствено образование.
- Се надевам дека овој спротски ресурс што ќе се користи во понатамошниот период ќе придонесе како мотивација плус за подобро реализирање на наставата по физичко и здравствено образование, а воедно ќе постигнуваат и поголеми успеси - изјави директорот Мирчевски.
Фото: Томе Влашевски
Во своето обраќање на денешниот настан градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, нагласи дека овој проект е од особено значење за учениците, што е доста значајно за поттикнување на спортскиот дух кај младите генерации.
- Создавањето услови за развој на спортот и подобрувањето на спортската инфраструктура во општината се меѓу главните фактори кои треба да бидат поттик и можност за учениците да го развиваат својот спортски и натпреварувачки дух, истовремено јакнејќи ја дисциплината и одговорноста, да се изградат како здрави личности - изјави Коњановски.
Градоначалникот Коњановски ја искористи приликата и на сите ученици им посака лесен почеток на новата учебна година и многу успех.
Фото: Томе Влашевски