АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Здружението за меѓународна младинска соработка Интерактив од Битола заедно со своите членови и волонтери како и соработниците и поддржувачите го одбележаа 1. роденден во амбиентот на кафе Бар Чаршија. Интерактив е граѓанска младинска организација која има за цел да обезбеди можности за локалната младина но и соработка со младите на меѓународно ниво. Целта на здружението е да развива активности и можности за младите во сферата на неформалното образование, промовирање на здрави животни навики, културата и уметноста како и граѓанско општество кои ги поттикнуваат позитивните вредности кај младите луѓе.
„ Активноста на организацијата се фокусира на многу аспекти кои се од интерес за младите: од обезбедување на услуги и информации, до истражување и поддршка за креирање политики и мрежно поврзување. Интерактив работи на создавање на различни одговорни и кооперативни заедници каде што граѓаните активно придонесуваат за социјалниот развој и интеграција. Нашата мисија е да обезбедиме одржлив развој на заедницата преку создавање на можности за квалитетно ангажирање на граѓанското општество, унапредување на можностите за учење и активно вклучување на младите луѓе и другите граѓани.“ – изјави Мартин Николовски, претседател на здружението.
Николовски додава дека и покрај тоа што Интерактив постои само една година, од самото основање здружението реализирано повеќе активности и проекти како на локално така и на меѓународно ниво.
„Иако Интерактив слави само една година од своето постоење, морам да истакнам дека сум горд што сум претседател на ова здружение. Во Интерактив членуваат повеќе од триесет млади но и возрасни од Битола. Во текот на оваа година нашите членови и волонтери учество зедоја на повеќе од 20 обуки во Република Македонија, остваривме две меѓународни младински размени во Анкара и Анталија во Република Турција, потпишавме меморандуми за соработки со 10 граѓански здруженија од нашата земја, како и две надвор од границите на државата. Имаме соработка со медиуми, локални самоуправи, а од неодамна Интерактив стана придружна членка и на Коалиција на младински организации СЕГА од Прилеп“ – изјави Николовски.
Неформалното образование е особено важно за развојот на младите, а младите се тие кои што го претставуваат најдобриот скенер за откривање на вистинските проблеми што постојат во општеството. Со некои насоки тие можат да го откријат коренот на проблемот и да го изградат својот пат за да најдат трајно решение за да се ослободат од проблемот. Интеракив како организација е мотивирана да работи со младите. Тимот на Интерактив се состои од искусни младински работници и млади волонтери, кои се големи ентузијасти, креативни, мотивирани, активни, иницијативни млади луѓе.
Здружението Интерактив од Битола на младите им дава можности да се вклучат, да промовираат неформално образование, мултикултурализам, потреба од самовклучување и активно граѓанство, како и зајакнување на капацитетите на младите во локалната средина.