2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Наместо во државно, младите да се охрабрат да станат претприемачи-јавна дебата на невладината „Интерактив“ од Битола

Март 19, 2021

Додека голем број млади во Македонија бараат начин како да дојдат до работно место во државните претпријатија и компании, дел од нивните врсници, веќе ги развиваат своите сопствени бизниси и ги советуваат нивните вработени напредокот во својата кариера да го  гледаат во приватниот сектор. Д-р Ана Ристевска е битолчанка, сопственик и управител на „Јавен Адвертајзинг“ од Битола , софтверска компанија и верифициран центар за образование на возрасните од областа на програмирањето, дигиталниот маркетинг и графичкиот дизјан.

-„Јавен Адвертајзинг“ како комапанија постои на пазарот 3,5 години. Ние како фирма почнавме многу лимитирано со услугите што ги дававме. Тоа беа услуги во делот на дигиталниот маркетинг, но потоа како што се зголемуваше бројот на клиенти, целокупната работа ја насочувавме врз основа на потребите на пазарот. Сега можам да кажам дека како верифициран центар за образование, во овие 3 години броиме повеќе од 1000 студенти, имаме голем број клиенти на кои што им изработуваме веб страни, софтверски решенија итн, вели Ристевска

163189606 128916129170759 8897455174355453826 n

 

Младите да не мируваат, можности има многу, треба да се  истражува

Ристевска денеска дојде на јавната дебата „Локална поддршка за младинско претприемништво во Пелагонискиот регион: предизвици и перспективи” што се одржа во организација на Здружението за меѓународна младинска соработка Интерактив – Битола, со цел да ги убеди младите дека има многу можности, но треба да истражуваат. Рече дека на оваа дебата на која беа присутни и градоначалниците на Битола и Новаци, ќе предложи и локалните самоуправи да бидат поттик за младите претприемачи.

-На овој настан сакаме да ги мотивираме младите луѓе да ги искористат можностите што се нудат да влезат во светот на бизнисот, односно да станат млади претприемачи и да им кажеме дека оваа ситуација во која се наоѓаме како општество со КОВИД пандемијата, не треба да мируваат и да стагнираат туку да ги искористат сите можности кои што им се нудат. А тие можност во моментот кај нас се претставени преку најразлични повици од најразлични институции каде што можат да се земат средства за да се започне сопствен бизнис. Доколку една фирма ги користи сите повици кои што доаѓаат од различни институции како што се Агенција за вработување, Фондот за иновации, Развојната банка, Министесртво за економија, може да се постигне голем успех. Тоа е значајна поддршка на бизнис секторот и мој апел е сите млади фирми да ги следат тие повици, да аплицираат, бидејќи има можност за сите. Ваквите иституции со овие повици се повеќе се присутни во јавноста,  во медиуми, со инфо сесии, а  се распространети и на социјалните медиуми. Можеби тука младите луѓе повеќе треба да посветат внимание кон истражување. Можностите се тука, треба да се најдат и да се искористат. Исто така би сакала да потенцирам дека младите луѓе би требало да имаат идеја за производ и услуга   кои што би задоволиле некои потреби на пазарот и би решавале некаков проблем. Сето тоа јас би го поттикнала да биде преку процесот на дигитализација, бидејќи целокупната ситуација води кон тоа,  сите процеси, активности, дејности да ги дигитализираме. На таков начин се зголемуваат можностите за успех и успешно пробивање на пазарот. На оваа дебата ќе предложиме локалните власти да земат некои добри практики од институции кои што нудат повици, на таков начин ќе имаме регионален развој на економијата во Пелагонискиот регион, со што многу млади луѓе би го решиле проблемот со невработеност преку процесот на самовработување, вели Ристевска .

Додава дека никогаш не би посакала да работи во државно претпријатие, за што вели ги потткнува и сите во нејзиниот тим развојот на кариерата да го гледаат во приватните бизниси.

- Во никој слуачј не би сакала државна работа. Целиме кон раст на фирмата, кон раст на тимот кој го мотивираме да го најде своето место во приватниот сектор, таму да напредуваат и да растат, да функционираат иновативно, затоа што на таков начин ќе можат да напредуваат во кариерата и да остваруваат долгорочен успех, вели основачот и сопственик на компанијата „Јавен Адвертајзинг“,  Ана Ристевска

 

 162485843 821892125089910 3095821944739067757 n

Младите во Пелагонискиот регион во претприемништвото не гледаат кариерна опција

Универзитетскито професор Моника Марковска од Факултетот за информатички и комуникациски технологии, вели дека претприемништвото во Пелагонискиот регион се уште не се гледа како кариерна опција. Од 6742 невработени лица во Битола, на возраст од 15 до 19 години има 130 невработени, од 20 до 24 се 592 лица без работа, од 25 до 29 години 798 и од 30 до 34 години немаат работа 693 лица.

-Младинската невработеност станува серизозен предизвик во рамките  на Пелагонискиот регион, а и интересот за решавање на проблемот со младинската невработенсот станува се поактуелен. И младинското претприемништво добива големо значење како начин за создавање на можности за вработување, зајакнување на економската конкурентност и промовирање на локален и регионален развој. Во последно време и теоријата и праксата покажуваат дека младите претприемачи може да се создадат, создавањето на младите претпријемачи е сериозен предзивик кој што бара целосна посветеност од страна на креатотите на политики и едукаторите. И покрај тоа што претприемништвото нуди низа предности, во Пелагонискиот регион се уште не се гледа како кариерна опција, вели проф.др Марковска.

 

 

Младите да го променат начин на размислување и наместо да бараат работа на државно, да се охрабрат за свој бизнис 

 

Марковска додава дека младинското претприемништво дава многу можности, поради што младите треба да го променат начинот на размислување и да наместо да бараат работа во државните претпријатија, да размислуваат за свој бизнис

- Целта на денешната дискусија е како младите да ја надминат  таа парадигма за државно вработување и да го сменат нивниот начин на размислување и да почнат да размислуваат да отвораат свои сопствени бизниси, бидејќи младинското претприемништво, покрај тоа што им овозможува да ја зголемат самодовербата, всушност им обезбедува и една економска независност, вели проф. др. Моника Марковска, од Факултетто за информатички и комуникациски технологии

 

 

162378389 273021357607253 4008345249925893356 n

 

Бидете инвентивни, барајте што повеќе да научите, им порача градоначалничкта Петровска на младите 

 

Градоначалничкта Наташа Петровкса, ја поздрави јавната дебата и рече дека покрај преку формалното обазование, младите луѓе можат да се мотивираат и преку вакви настани .

-Образовани , млади, инвентивни и креативни луѓе се она што ни треба на сите нас и на секое општество. Тоа може да го постигнете во формалното образование, со наставните програми, но и со вакви настани каде се дискутира и за темите кои што го мотивираат, иницираат и поттикнуваат ова што го реков на почетокот. Општина Битола не само што направи многу чекори во самите образовни институции, меѓудругото потпишавме и меморандум со нашиот Универзитет со кој што обезбедивме и отворивме врата за низа активности. Имаме направено  план  да ги отвориме вратите на сите јавни институции , тргнувајќи од Општина Битола и јавните претпријатија, каде младите ќе можат да бидат практиканти, да гледаат што се случува во институциите, да учат повеќе, да гледаат каде се грешките, каде треба да се коригираме и каде тие како млади луѓе се гледаат себеси. Со стекнување на вакви знаења доаѓаат идеите како тие лично би можеле да го вложат својот труд во општеството. Кога младите доаѓаат во Општина Битола, независно дали станува збор за луѓе кои што се вработиле или дошле нешто да научат, им велам „никогаш не се задоволувајте само со еден тип на работа, со еден модел на работа еден модел на одделние, затоа што секое одделение крие своја приказна, свои карактеристики и секогаш барајте нешто повеќе да научите. Во една таква разиграност во работните активности можете да се пронајдете себеси и да бидете крајно инвентивни“. Тоа е она што сакам да им го порачам на сите млади луѓе, рече Наташа Петровска, градоначалник на Битола.


163233028 3845712522177652 2997014870130575486 n

На расправата свои излагања покрај  проф. д-р Моника Марковска, имаа и  проф. д-р Божидар Миленковски, претприемачката Ана Ристевска, обучувачката Елена Гагачева и членот на Советот на Општина Битола Борче Корлевски кои зборуваа на теми за младинското претприемништвото како механизам за економски развој, за моменталната состојба, предизвиците и можностите за младинско претприемништво, за дoстапната и планирана институционална поддршка за млади претприемачи во Пелагонискиот регион и способностите кои треба да ги поседуваат младите преттприемачи како и поддршката која им е потребна за да е унапреди нивниот развој. Јавната расправа беше дел од проектот „Поддршка на изборните реформи” на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), кој го спроведуваат Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС) во партнерство со Националниот младински совет на Македонија (НМСМ), а кој има за цел поинклузивни и подемократски изборни процеси раководени од зајакната организација на изборите кои се одблизу набљудувани од граѓаните

162530811 135191638520019 1241679889645075895 n

162271869 262208498834558 1609860197204534187 n

162261235 245649827286079 5308837549868660586 n

 

Е.М.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани