2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

„Меѓународната јуниорска олимпијада по природни науки што се одржа во Богота, Колумбија, ни овозможи да си ги одмериме силите со врсници од цел свет и да покажеме дека ние учениците во Македонија со своето знаење и интелигенција сме рамноправни со врсниците од многу поголеми и поразвиени држави“, рече  Искра Нечаковска (15), која беше меѓу четирите македонски учесници што се закитија со бронзени медали на Олимпијадата што се одржа од 2 до 12 декември во Јужна Америка.

329528512 869360577688954 1738949636691367275 n

Нечаковска и Олег Трајковски (16) кој исто така беше дел од македонскиот тим на Олимпијадата, заедно со професорите од Гимназијата „Јосип Броз Тито“, каде овие талентирани средношколци учат, и директорката Лидија Споа денес беа примени во кабинетот на градоначалникот Тони Коњановски кој им честиташе за постигнатиот успех.

„Гости ни се млади личности, добитници на престижно презнание на 19. Меѓународна олимпијада во Богота каде Икра освои бонзен медал, но сите се победници со тоа што таму беше светската елита на млади таленти по приордни науки. Освоија значајно признание што дава надеж дека ќе не биде и дека Битола има потенција. Општината помогна во нивното патување, а ќе продолжиме и натаму да ги стимулираме талентираните ученици. На Битола ѝ требаат кавлитетни кадри и порачуваме да останат во Битола и Македонија“, рече градоначалникот Тони Коњановски.

Тој уште посочи дека веќе е установена јубилејна годишна награда што по повод патронот на Битола, Свети Нектариј, се доделува на талентирани ученици. Лани се пријавиле 200 кандидати, па сега се прецизирани критериумите за да бидат наградени најуспешните.

329809257 1979793145732049 3827849684693846293 n

Нечаковска раскажа дека натпреварот се состоел од три дена, а секој траел по три до четири часа.

„Беше интересно зашто можевме да запознаеме врсниси од другите земји кои сакат природни науки, можевме да се натпреваруваме со нив. Благодарани сме за поддршката што ја добивме од сите професори и горди сме за тоа што го покажавме. За Олимпијадата се подготвуваме уште со државните натпревари, од септември по вториот селекционен натпревар одевме на подготовски на ПМФ во Скопје“, рече Нечаковска.

Олег Трајковски рече дека на натпреварот учествувале 220 учесници од 44 земји ширум светот. А покрај натпреварите имале и дружба.

„Се запознаваме со деца од целиот свет, стекнавме големо знаење, искуство, видовме друг континент и држава. Секоја вечер пред натпреварите се собиравме во ходникот и решаваме задачи, се дружевме почесто со натправрувачите од Србија и Хрватска“, рече Трајковски.

На Олимпијадата имаа и практичен дел. Олег правеше експеримент по биологија - откривање на PH вредност со помош на цвет и откривање на карактеристики на растението кафе, кое е препознатливо за Колумбија, а Искра експеримент по хемија за откривање на вискосзност на течност. Учесниците во македонски тим кои изведуваа експеримент по физика имаа задача преку електрично коло да откријат како работат нервните клетки.

330177627 1338332206956083 7402610169293265891 n

330013429 3444977885727024 8196133067875983432 n

329388655 960764791666802 3288888415657822453 n

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани