2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Финансиска поддршка од Општината за двајцата средношколци од Битола кои ќе патуваат на Олимпијадата во Колумбија

Ноември 09, 2022

Советот на Општина Битола едногласно ја усвои точката на дневен ред поставена по иницијатива на советничката од СДСМ Елена Кромидаровска за финансиска поддршка на средношколците Искра Нечаковска и Олег Трајковски од Битола кои се дел од националниот тим на Северна Македонија кој ќе учествува на Олимпијадата на природни науки во Богота, Колумбија.

„Имајќи во предвид дека учесниците на меѓународните натпревари претставуваат амбасадори на државата и градот оваа иницијатива ја поднесуваме со цел финансиска поддршка на средношколците од Гимназијата „Јосип Броз Тито“ Искра Нечаковска и Олег Трајковски кои се дел од националниот тим што ќе ја претставува РС Македонија на Олимпијадата за природни науки која ќе се одржи во Колумбија од 2 до 12 декември 2022 година. Како совет треба да бидеме горди што ученици од нашиот град ќе ја претставцуваат Битола како дел од националниот тим. Потребено е да им дадеме поддршка и мотив да го достигнат врвот и да не направат горди како град и држава“, рече Кромидаровска.

Претседателката на Советот Габриела Илиевска истакна дека веќе се одобрени финансиски средства за двајцата битолчани и дека оваа иницијатива е само потврда за она што веќе е извршено.

Точката беше изгласана едногласно од сите советници.

Покрај ова, Советот по иницијатива на Петар Николовски од СДСМ изгласа да се издвијат финасиски средства за поддршка на студенти од социјално загрозени категории на семејства запшишани од прв циклус стиудии на Универзитетот во Битола.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани