2win800x200

КУД Илинден Битола на 20 јули, во неделата, ја започна своја концертна сезона со големиот концерт кој се одржа во прекрасниот амбиент на Пациото на Завод и Музеј Битола и на кој настапија над 140 членови од овој ансамбл.

“Навистина сум горд на моите Илинденци што ја продолжуваат 66 годишната традицијата на нашето друштво и во квалитет и во квантитет, совладувајќи ги сите предизвици продолжувајќи да бидат горди чувари на македонската традицијата” - истакна на почетокот на концертот Антонијо Димитровски, претседател на КУД Илинден Битола.
На концертот настапија шест детски групи, како и дел од Главниот фолклорен ансамбл.
„На програмата имавме ора од сите краеви на Македонија: Шетано, Пајдушко, Белчишко, Буките, Црногорка, Ситна Лиса, Сплет на игри од Источна Македонија…што е само дел што овој ансамбл го негува на својот репертоар. На сцената продефилираа околу 140 членови на Детскиот и Главниот фолклорен ансамл, како и членови на оркестарот” изјави Александар Стефановски, уметнички раководител на КУД Илинден Битола.
Инаку, овој концерт е увертира на бројните  активности на КУД „Илинден“, со кои ќе ја слави уметноста на фоклорот и традицијата кои се планирани до крајот на календарската 2021 година.
“Овој концерт донесе многу ентузијазам, позитивна енергија, но пред се мотивација после навистина комплексниот период зад нас, предизвикан од здравствената криза и пандемијата, така што ова лето да имаме навистина богата програма и врвно претставување на сцените низ државата и она најзначајното на светската Фоклоријада во УФА Русија” - изјави Борче Димитровски, потпретседател на КУД „Илинден“ Битола.
На почеток на јули КУД „Илинден“ заминува на најзначајниот фолклорен настан во Светот - 6 тата Светска фолклоријада во Уфа, Русија, во организација на ЦИОФФ, каде ќе биде претставник на Македонија, заедно со врвни фолклорни ансамбли од преку 60 држави од целиот свет. На агендата на КУД Илинден, по завршувањето на Фолклоријадата во Русија е планиран музичко сценскиот проект "Приказни од чаршијата" кој ќе биде дел од официјалната програма на фестивалот ЛОКУМ ФЕСТ во Битола, а кон крајот на месец јули традиционално со Комитското ќе го отвори републичкиот фестивал на народни песни и игри Илинденски денови, каде ќе се претстави и со сценската адаптација Цапарските бабари. Во текот на летниот период е планиран специјален настан по повод промоцијата на најзначајниот пишан документ - Монографијата "65 години КУД Илинден Битола", како и настап на фестивалот "Чувари на традицијата" во Вевчани. Исто така планирани се концерти и настапи во Крушево, Демир Хисар и Охрид.
 
 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани