АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Градските приказни на КУД „Илинден“ ќе бидат претставени на еден посебен концерт под наслов “Битола е градот” што ќе се случи во Офицерски дом на 16 мај, понеделник, во 20.00 часот.
КУД „Илинден“ како ансамблот на народни песни и игри 66 години ја негува и да ја шири македонската фолклорна традицијата, како и градските приказни кои се подвижен музеј за Битола. Градските приказни се песни и игри, инспирирани и адаптирани од градските традиции на Битола, чалгиите и обичаите преставени преку сценски адаптации меѓу кои е и онаа позната битолска “На визита”.
“Ние сме врската помеѓу минатото и иднината. Тука сме да бидеме чувар на наследството, но и животворец на Битола низ песни и игри, затоа што Битола е градот…”-стои во објавата за концертот на овој фолклорен ансамбл.
Билети по цена од 200ден пуштени се во продажба.