АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Прекинот на електричната енергија што поради дефект се случи синоќа во Битола, не беше пречка за аргентинскиот композитор и пијанист Маурици Анунциата да го одржи својот пијано рецитал во битолскиот Завод и музеј.
Светски познатата оперска пејачка Ана Синицки која вечерва настапува на „Бит Фест“ има битолски корени и вели дека чест и е да настапува во Битола. Концерти имала ширум светот, но нагласува дека Битола секогаш и недостига бидејќи ја навраќа во детството.
Култниот белградски алтернативен рок бенд „С.А.Р.С.“ го преполна плоштадот Гоце Делчев во Битола. Публиката ужива во нивните хитови. Бендот настапи вечерва во рамки на 17-то издание на фестивалот „Битола отворен град 2018“ во организација на Младинскиот културен центар од Битола.
„Свеже Ампутирана Рука Сатријанија“ или скратено „С.А.Р.С.“ е српска алтернативна рок група од Белград, основана во 2006 и од тогаш до денес имаат издадено 9 албуми, многу успешни турнеи и популарни песни. Нивната музика е комбинација од поп, рок, реге, хип-хоп и блуз, со елементи од традиционалната српска народна музика.
Групата добива награда за музичко откритие за 2008 година од TV Metropolis и освојува две награди од страна на публиката во гласањето кое било организирано од интернет магазинот Popboks за најдобар дебитантски групата и најдобар сингл во 2008 година.
Годинава настапат во Битола после 7 години каде во 2011та го промовираа нивниот тогашен втор албум „Перспектива“ во рамките на фестивалот Битола отворен град.
На големиот концерт како предгрупа настапија и бендовите „THE PRODIGY live tribute band“ од Белград и “FUNK SHUI” од Скопје.
Битолската публика вечерва имаше можност да ужива во бродвејски амбиент што во големата сала на Центарот за култура го доносоа Камерниот оркестар од Битола и солистите кои настапија на овој концерт.